15-годишната Дева Касел се појавила како водечки модел во новата компанија на популарниот италијански бренд „Dolce & Gabbana“.
Дева изгледа заносно, како и на самиот сет на снимањето, на кој што биле забележани и нејзиниот татко и мајка, Винцент и Моника.
Неа папарацо фотографите ја уловиле и надвор од сетот, и таму изгледала беспрекорно.
Снимањето се одиграло во италијанскиот град Белаџо, сместено покрај езерото Комо.
Гратчето е познато по својот романески изглед, преубавите вили, стари и по неколку векови и градината од 18-ти век која што се наоѓа над езерото.
Судејќи според папарацо фотографиите, очигледно Моника и Винцент не биле снимени само како родители на малолетната манекенка туку учествувале и во компанијата – што не е ниту малку чудно.