„За денешниот ден нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“. Ова стои на интернет страницата на Собранието иако за денеска беше закажана седница на која требаше да се избере старо-новиот претседател Талат Џафери.
Кој и зошто ја одложи седницата?
Нема официјални информации зошто воопшто не започна продолжението на констутитивната седница која вчера ја најавија Заев и Ахмети.
Но, што се случи од вчера до денеска па Талат да не испрати известување до службите и до пратениците дека седница ќе има.
Неофицијални партиски извори велат дека причина е незадоволството кај двајца пратеници од ДУИ, пред се кај Изет Меџити за распределбата на новите министри. Двајцата пратеници дури и се заканиле дека нема да ја гласаат новата влада која и онака има тенко мнозинство од само 62 пратеници. За воопшто да започне седница и да дојде до гласање треба во салата да бидат присутни најмалку 61 пратеници што значи дека нивното присуство е неопходно.














![[ВИДЕО] Санти мраз во Њујорк, има мртви](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/lvQFd-nji-jork-depositphotos-21425537-xl-218x150.jpg)




![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)











