ФОТО: Емотивно писмо од девојка на која Михајловиќ ѝ платил операција на срцето

1454

Реакциите околу болеста на Синиша Михајловиќ не стивнуваат. Сега во јавноста се појави девојка која напиша емотивни зборови за својот херој од пред 19 години.

Легендата на српскиот фудбал ѝ платил операција на срцето со која ѝ го спасил животот. Таа сега напиша писмо на својот Фејсбурк профил до „својот Синиша“:

„Утро, 13 јули 2019 … Првата вест што ја прочитав е поврзана со Синиша Михајловиќ. „Тој е болен”, велат тие, „води животна борба”. Мојата Синиша? Синиша, чија фотографија го покрива мојот телефон? Тој Синиша, Михајловиќ Синиша – човек, фудбалер, патриот, хуманист, татко, сопруг и големина во секој поглед. Пред 19 години, ми овозможи живот. Ми дозволи она што сум сега, да го имам животот што го живеам, да одам по патовите низ кои минувам, да чувствувам и да сакам – и тебе можеби најмногу од сите.

Би сакала да ти помогнам, како што ми помогна ти. Би сакала да дојдам да те видам, како што го направи ти тоа. Но, не можам. Мојата единствена помош ќе биде во молитви – за уште една твоја победа. Јас ќе се молам на Бога, во кој и ти веруваш … надевајќи се дека нема да ја заборави твојата великодушност и дека ќе ти подаде рака како што ти го правеше со илјадници луѓе во твојот половина век постоење. Миха, легенда … Миха, крал … Миха …. Бори се! Издржи! Ќе победиш!“

Тренерот на Болоња ја шокира јавноста со признанието дека е болен од леукемија. Поради тоа ќе мора на специјален третман во обид да се избори против тешката болест.

loading...