Полицискиот час на некој начин е модифициран и засега нема потреба да се воведуваат дополнителни мерки од тие што се сега како активност на терен, смета министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека сепак ќе ги следат секојдневните податоци и ќе ги анализираат податоците од епидемиолошките анализи.
„Сметам дека нема потреба од менување на стратегијата за справување со пандемијата со ковид-19. Таа е добра и се надградуваа врз основа на карактеристиките, на бројот на луѓето, на кластерите, географската положба на местото, распределбата и контактот помеѓу кластерите. Во таа смилса има некои генерални и општи мерки, но има и некој спицифични мерки“,
изјави Филипче одговарајчи на новинарско прашање.
Како пример го посочи Штип каде беа затворени конфекциите поради тоа што од тука потекнуваа заболените и беше проблематичен транспортот. За кластерите што потекнуваат од семејни настани и непочитување на мерките, Флипче рече дека се идентификуваат тие контакти во и помеѓу кластерите, за што податоци се добиваат од епидемиолошките прашалници.
Тој смета дека не треба да има продолжување на вонредната состојба, односно дека поинтензивна контрола на носењето маски и спречување на групирањето, посебно во вечерните часови, ќе даде резултати.
И вицепремиерката Мила Царовска изминатите денови се изјасни дека нема потреба од вонредна состојба бидејќи таа била со цел да може Владата да носи уредби со законска сила.
Утре напладне претседателот Стево Пендаровски ќе има обраќање до јавноста во врска со ова прашање.
На 18 март поради состојбата со коронавирусот за првпат во историјата на државава беше прогласена вонредна состојба и тоа во траење од 30 дена, која беше продолжувана – еднаш за 30 дена и два пати по 14. Последната завршува в сабота.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



