ДОКТОР СОФИЈАНОВА: ЖАН МИТРЕВ Е ВРСКАТА СО ГОСПОД ЗА НАШАТА ФАМИЛИЈА

174

Доктор Жан Митрев, нашиот најпознат кардиохирург спасил многумина. Познавачите на фелата знаат да кажат дека човекот има златни раце.

Едено од нашите најпознати педијатри и долгогодишен директор на клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова упати јавна благодарност до Д-р Митрев:

,,Прочитав дека ние докторите не смееме да мислиме дека сме Господ. За мојата фамилија Софијанови академик Жан Митрев е врската со Господ. За нас стори најголемо дело неподносливо лесно… Го спаси татко ми…Те сакаме од најмало до најстаро!”, напиша Софијанова на социјалните мрежи.

Кога признанието ќе дојде од колега, тоа добива уште на поголема тежина.