Фешта на Лозарите, го запалија цело Кавадарци (ВИДЕО)

721

Навивачката група на Тиквеш, популарните „Лозари“, го прославија 30-тиот роденден на фанастичен начин.

 

Приврзаниците на тимот од Кавадарци го запалија градот со пиротехника, точно во 22:10 часот. Имаше факли и огномети, а благодарение на телевизијата „РТК“ тоа беше пренесувано во живо и сите имаа шанса да го видат шоуто.

Роденденот вечно ќе го паметат затоа што Тиквеш оваа година избори место во Првата македонска фудбалска лига, а ракометниот клуб фати опстанок во ракометната Суперлига. Кошаркарскиот клуб од градот, пак, Еуро Никел ќе игра финале во мак-баскетот.