Феноменален лоб на Елмас – прв гол во новата година за Наполи (ВИДЕО)

604

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го запиша својот прв погодок во дресот на Наполи во новата 2021 година.

Во четвртфиналето од Купот на Италија, Наполи на полувремето води со убедливи 4-0 против Специја, а Елмас, кој го стартуваше натпреварот, во 40. минута на извонреден начин по брз контранапад и убава асистенцијата на Инсиње, со прекрасен лоб пред истрчаниот противнички голман, го постигна четвртиот гол за својот тим.

Наполи во полуфиналето од Купот на Италија, на 10. февруари го очекува пресметката со Аталанта.