Започнаа предсезоната и подготвителните натпревари за NBA екипите.
Синоќа бевме сведоци на огромно изненадување. Ланскиот најдобропласиран тим во регуларниот дел од сезоната, Феникс Санс загуби на домашен терен од австралискиот Аделаид 36-ерс (134-124). Уште позачудувачки делува податокот што “сонцата” беа во полн состав а претрпеа пораз од седмопласираниот тим од земјата на “кенгурите”.

Ланската сезона, австралиските “сиксери” имаа скор од само 10 победи и 18 порази. Гостите погодија неверојатни 24 тројки со реализација од 55%, а беа предводени од американското дуо со NBA искуство, Крек Рендл кој постигна 35 поени и Роберт Френкс со 32 поени.
На 18-ти Октомври е официјалниот старт на новата NBA сезона.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















