Факти кои сигурно не сте ги знаеле за најпознатите туристички дестинации

524

Париз и Венеција се најромантичните градови, желбата за патување може да биде генетски пренослива, а најдолгиот лет трае 17 часа – ова се само некои од фактите кои веројатно не сте ги знаеле за патувањата.

Жените кои патуваат минимум два пати годишно имаат помал ризик од срцев удар, бидејќи патувањата го намалуваат нивото на стрес.

Освен фактите за патувањето, постојат голем број непознати факти за светот. Дали сте знаеле дека Франција покрива најмногу временски зони на светот и дека Канада има повеќе од три милиони езера, што е 60 отсто од водата на целата планета?

Исто така, Русија е поголема од планетата Плутон, 99 отсто од површината на Либија е покриена со пустина, а Финска има речиси 180 илјади острови, повеќе од која било друга држава на светот.

Можеби не сте знаеле ниту дека во Сан Марино има повеќе автомобили од луѓе и дека најстарото дрво на светот се наоѓа во Иран, старо 4 илјади години.

Освен тоа, “Factretriever” наведува дека во Норвешка постои град кој се вика “A”, секоја паричка која е фрлена во фонтаната Ди Треви во Рим се донира во хуманитарни цели и дека за само една минута се прават околу 64.651 селфиња ширум светот.