Загадувањето на воздухот во Јужна Кореја достигна алармантни размери, така што јужнокорејскиот претседател Мун Је-ин предлага заеднички проект со Кина – користење вештачки дожд.
Во главниот град Сеул луѓето сè почесто мора да носат маски на лицето поради загадувањето. Најголемите причинители на овој проблем се старите електрани на јаглен и загадувањето предизвикано од автомобилите, а голем дел од загадувањето доаѓа од соседна Кина. Но, Кинезите не се согласуваат со тоа бидејќи нивото на смог е поголемо во Сеул во споредба со Пекинг.
– Сите сме свесни дека причинителите на овој проблем се комплицирани – велат од министерството за надворешни работи на Кина.
Како и да е, решение мора да се пронајде. Јужна Кореја ќе го забрза затворањето на своите електрани на јаглен, ќе постави уреди за прочистување на воздухот во училиштата, а една од идеите е и создавање вештачки дожд што ќе помогне да се намалат смогот и загадувањето. Но, за ова ќе ѝ биде потребна помош од Кина затоа што експериментот на Јужна Кореја за создавање вештачки дожд не бил успешен.
– Кина тврди дека прашината на Јужна Кореја оди кон Шангај, така што создавањето вештачки дожд над Жолтото Море ќе ѝ помогне и на Кина – изјави портпаролот на владата на Јужна Кореја.
Кина со години успешно користи методи за создавање вештачки дожд со кој се бори против загадувањето и сушите. Кореја сака да ги искористи знаењето и искуството на Кина како помош во борбата против слични проблеми. Така, Јужна Кореја и Кина размислуваат да воспостават заеднички систем за известување за зголемување на загаденоста во воздухот.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



