Туна Сејдиу, после две години пауза, деновиве го промовираше видеото за темата “Chonga” со кое го најави камбекот на музичката сцена. Станува збор за песна снимена на албански јазик, а видеото веќе има над милион и пол прегледи на Јутјуб и илјадници позитивни коментари и критики.

Инаку, пејачката која е ќерка на Шабан Сејдиу, поранешен олимписки борач, откако се омажи за Патрис Бариша и го роди синот Тиан живее на релација Скопје – Косово, а неодамна во еден познат ресторан со семејството и најблиските го прослави и роденденот на малиот наследник кој е нејзина копија.

Македонската јавност, пак, Туна ја запозна преку учеството во музичкото шоу “М2” а нејзина прва песна беше “Најди ден, најди ноќ, најди време”.
Досега има снимено седум албуми, а наскоро ќе го промовира и осмиот на кој работи во моментов, а на листата соработници се запишува и Дарко Димитров со кој работи од почетокот на својата кариера.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















