ЕВЕ КАКО ЦЕЦА ОСЛАБЕ 8 КИЛОГРАМИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

217

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ својата линија ја одржува во совршенство веќе подолго време, а особено во последните години никогаш не била позгодна, пишуваат српските медиуми.

Имено таа својот струк не го променила од 2006 година од кога линијата ја довела до перфекција.

„Ја доведов својата линија онака до перфекција, но без никаква ригорозна диета и без апчиња за слабеење и слично, а тоа е сега многу популарно иако е опасно и нездраво и директно влијае на штитните жлезди и панкреасот. Со тоа не треба да се игра. Бидејќи тој лек се користи кај дијабетичарите, но не е важно“, вели Цеца.

Таа сепак открила дека за месец дена ослабела осум килограми со помош на едноставна диета.

„Едноставно одлучив после седум да не јадам ништо и да конзумирам само вода. А во една прилика кажав, понекогаш и некое пиво, а потоа ме прашаа како пијам пиво кога тоа ме дебелее. Јас велам, мене пивото не ме дебелее, мене ме сака и навистина тоа е така. И мене тоа ми појде од рака и јас ослабев 8,5 килограми за месец дена, а во ниту една секунда не гладував и јадев се што сакам“, вели пејачката.

Вели дека навистина влијае внесувањето на храна после 8 часот навечер.

Инаку Цеца освен корегирано мени, таа редовно вежба и во теретана.