ДЕНЕСКА Е ЧИСТ ПОНЕДЕЛНИК: Овие работи никако да не ги правите во првите ТРИ дена од велигденскиот пост

239

Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.

Денес се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Според традициите и обичаите, првите три дена од велигденскиот пост уште се нарекуваат и тримери, односно денови во кои не се консумира ниту храна, ниту течност.

За време на целиот пост освен што се воздржувате од храна, потребно е да се воздржувате и од лоши мисли и дела, а се верува дека освен што постот има позитивно влијание врз духовното, тој влијае позитивно и врз физичкото здравје на христијаните.

Исто така во овој период треба да заборавите на пороците.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.