Турција е подготвена да ги заштити своите интереси во Средоземното Море, Егејското и Црното Море на сите можни начини, вклучително и со воени средства, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Турција ќе го добие тоа што и припаѓа на Црното, Егејското и Средоземното море. За тоа, ние сме подготвени да го направиме она што е потребно наполитички, економски и воен план. Ги повикуваме нашите партнери да не преземаат погрешни чекори што ќе ги уништат. Турција не е земја чија трпеливост, можности и решеност можат да бидат бескрајно тестирани. „Сакам сите да го разберат тоа“, рече Ердоган.
Тој се закани дека оние што одат против Турција, која спроведува сеизмички истражувања во спорната област на континенталниот праг во Источниот Медитеран, ќе платат висока цена.
„Ако рековме дека ќе го направиме, тогаш ќе го направиме тоа по секоја цена. Кој сака да ни се спротивстави, и покрај цената што ќе треба да ја плати за тоа, нека го направи. Или нека ни се тргне од патот, ние сами ќе се справиме со нашите работи “, додаде турскиот претседател.
Во последните неколку недели односите меѓу Грција и Турција нагло се влошија откако турскиот брод Оруч Раис започна сеизмичко истражување во Источниот Медитеран, област Грција ја смета за своја ексклузивна економска зона. Грчките вооружени сили се донесени во состојба на зголемена борбена готовност.