Ердоган повикува на основање на Исламска Мегабанка: Заборавете на доларот и завртете се кон своите валути

133

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повикал на основање на исламска мегабанка која би им излегувала во пресрет на барањата на исламските финансиски институции и би финансирала инфраструктурни проекти во овие, но и во други земји.

“Веруваме дека идејата за исламска мегабанка заснована на онлајн платформа може да стане реалност и да ги исполни барањата на исламските финансиски институции и се поголемите потреби за финансирање на инфраструктурните проекти во муслиманските земји”, рекол Ердоган.

Ердоган, потсетува Анадолија, прв пат повикал на широка употреба на локалните валути на самитот Д8 во Истанбул во 2017-та година, а сега, вели, развојот на ситуацијата последните години покажал дека таа идеја е разумна и добра.

“За да ги заштитиме нашите земји од ризикот кој го претставуваат странските валути, мораме да се фокусираме на трговија во локални валути”, рекол тој.

Ердоган исто така ја нагласил важноста на соработката во борбата против пандемијата на коронавирусот, наведувајќи дека Турција им помогнала на бројни земји и меѓународни организации.

“Јасно ставивме до знаење дека вакцината е нашето најдобро оружје против вирусот и дека не треба да ги жртвуваме нашите интереси и профити”, рекол Ердоган.

Ердоган навел и дека, кога турската вакцина против коронавирус ќе биде подготвена, истата ќе му биде достапна на целото човештво.

Турија од 2017-та година била претседавач со самитот Д8, а сега таа улога му ја предала на Бангладеш.

Групата Д8 земји во развој официјално е претставена во 1997-ма година со Истанбулската декларација. Блокот го сочинуваат Турција, Бангладеш, Египет, Нигерија, Индонезија, Малезија и Пакистан.