Елена Стефановска ги спакува куферите и замина на одмор: Водителка ужива на оваа дестинација, а градите “ѕиркаат“ од бикинито

240

Македонската водителка без разлика дали е лето, зима, пандемија или не, живее живот со стил.

Пандемијата со коронавирусот ова лето ни наметна една поразлична и подруга летна сезона, па поради затворените граници повеќето летните одмори ги поминуваат на домашен терен.

Меѓутоа, ни короната не ја спречи Елена Стефановска и ова лето да ужива.

Имено, водителката го искористи слободното време малку да ужива на домашен терен, малку надвор од Македонија.

Додека траеше вонредната состојба таа уживаше заедно со својот партнер во Маврово или во својот стан во Скопје.

Потоа, водителката успеа да отпатува до Охрид, но и до Турција.

Меѓутоа, сега додека се затворени границите со повеќето држави, па Македонците одмараат на локален терен, македонската водителка ги спакува куферите и помина граница.

Имено, таа отпатува во Хрватска каде што ужива на Јадранскиот брег, а на социјалните мрежи сподели неколку моменти како си поминува на ова егзотична дестинација.

„Здраво, од Опатија“ пишува водителката во описот на една фотографија од која се гледа погледот кон Јадранот.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

На друга фотографија, Стефановска е клекната и во бикини испружена под зраците на сонцето.

ФОТО: ИНСТАГРАМ

Меѓутоа, на последните објави во кусите приказни на „Инстаграм“, водителката позира на плажа во костим за капење од кои и ѕиркаат градите.

Водителката на „Живот со стил“ и живее таков живот, а веруваме дека ќе ги наполни батериите и со полна пареа ќе се врати на работни обврски.

Инаку, освен Елена, на Јадранот уживаат и многу други познати а меѓу нив и Лепа Брена, Нина Бадриќ…