Столтенберг: Покана за НАТО доколку Договорот помине на референдум

792

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги прецизираше условите за Македонија да добие покана за НАТО. Доколку не успее референдумот, тој не гледа како би можело да се покани земјата да биде членка, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Очекувам шефовите на држави и влади да се договорат за пристапни преговори, потоа ќе можеме да ја поканиме ПЈР Македонија да стане полноправна членка доколку Договорот се финализира. Финализирање значи целосна ратификација, референдум и позитивно гласање, ако тоа се случи оптимист сум, повтори Столтенберг.

Столтенберг рече дека доколку Договорот за името не помине на референдум, тешко Македонија да добие покана за НАТО.

– Ако ПЈРМ  го имеплементира и финализира Договорот со позитивно гласање тогаш НАТО ќе ја покани земјата да стане полноправно членка. Ова е историски Договор кој пружа историска прилика на ПЈРМ да стане членка, и ги повикувам луѓето во земјата да ја зграпчат оваа прилика и да го поддржат Договорот. Ако не се поддржи Договорот не гледам како е можно да се покани земјата. Ова е единствена прилика и треба да се зграпчи, рече Столтенберг.