Елена Ристеска стави крај на љубовта со Филип – Повторно е сингл

270

Пејачката Елена Ристеска после неколку месеци врска стави крај на романсата со скопскиот угостител Филип Арсовски, a причините за разделбата се уште се непознати за јавноста.

Инаку, Елена и Филип пред да ја започнат својата врска беа добри пријатели, а дека пејачката имала сериозни намери со него потврда е и фактот што тој беше првиот дечко после нејзиниот развод кој го претстави во јавноста.
Имено, пред повеќе од еден месец Елена со Филип се појави на модна ревија на една своја пријателка, а неколку седмици претходно токму „Бекстејџ“ беше прв кој што ја обелодени нивната врска.
Пејачката ниту тогаш, ниту сега не сакаше да ги коментира овие озборувања.
Во моментов е посветена на работа и нејзиниот фокус на внимание е насочен кон козметичката линија која што наскоро ќе ја пласира во продажба.
Ристеска зад себе има еден брак, а пред повеќе од една година во интервју за „Бекстејџ“ се соголи и раскажа се за причините за пропаѓањето на истиот. Со интервјуто кое го даде за нив ја заклучи и приказната со Бојан.