20 август 2019, ден кога македонската пејачка Елена Миленковска која по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ остана да живее и работи во Белград, славеше роденден. Честитки стигаат од сите страни. И подароци…

Најубавата честитка и највредниот подарок во долгата романтична ноќ нашата убавица сепак го доби од нејзиниот Гуте Маринковиќ, колегата од Гранд, со кого е во љубовна врска.

Размената на роденденски нежности во романтична атмосфера во долгата ноќ, заврши со брачна понуда и свршенички прстен за пејачката, наместо роденденска торта.

На Елена роденденското славење и се претвори во вереничко. Гуте Елена ја побара за жена… на неговиот живот!

Така, музичката „Гранд“ двојка, веројатно наскоро ќе стане и брачна! Српските медиуми веќе наголемо ги најавуваат свадбените ѕвона.

И одново честитките доаѓаат од сите страни. Колегите другарите, пријателите, најблиските… Изненадени, ама и воодушевени! Најсреќна – мајка и на свршеницата!






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















