Свежо или бајато месо: Ако изгледа вака не го јадете

225

Ако планирате скара на отворено, оваа информација ќе ви биде од голема корист, а и треба да ја знаете секој пат кога купувате месо и истото сакате да биде вкусно и здраво. Експертите го открија најсигурниот начин како да проверите дали месото е свежо, за случајно да не ви подметнат „бајато“ или од месо од болно животно.

Свежината на месото можете да ја проверите со притискање на него со прстите. Ако месото брзо се врати во претходната форма на местото на притисок, тогаш месото е свежо. Бојата на месото треба да биде светло црвена до костенлица, во зависност од видот.

Исто така, експертите предупредуваат дека доколку печете ражнич на отворено, што значи дека месото стои на топло некое време, обрнете внимание на тоа дали ја сменило бојата. Ако добило зеленикава боја, никогаш не подготвувајте го. Таквото месо е штетно за вашиот организам.

Покрај тоа, месото со светло жолта или кафеава боја со изразени масни наслаги на површината е крајно штетно бидејќи укажува на можност дека животното било болно.

Експертите предупредуваат и дека не треба да купувате месо на места кои не се овластени за продажба, како и од непроверени извори.