Сашо Василевски, кој пред десетина дена беше разрешен од директорската позиција во МЕПСО, купил стан од осомничен во случајот „Поштенска банка“ на СЈО три дена пред Катица Јанева да даде налог за замрзнување на имот, објави новинарот на А1он, Васко Маглешов.
Станот, како што објави авторот, е купен за од 109 метри квадратни, а бил купен од гевгелиската фирма „Бетон Дооел“, сопственост на Томе Главчев, еден од осомничените во случајот на СЈО. Зделката била направена 17 дена по отворањето на истрагата.
Според извори од СЈО, пишува Маглешов, Јанева кажала тој стан да не биде замрзнат, бидејќи наводно бил проблематичен.
Василевски, пак, рекол дека станот во скопски Карпош го нашол на оглас и оти не бил скап затоа што градбата била стара.
Целото истражување можете да го прочитате ТУКА.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















