ЕДНА ГОДИНА јадев САМО компири- Морав да носам храна кога одев на гости: Она што ми се случи е неверојатно

162

Кога рече дека ќе премине на диета што вклучува само компири и ќе се држи до неа цела година, многумина сметаа дека е целосно луд, вклучувајќи ги и членовите на неговото семејство.

Сепак, таткото на две деца од Мелбурн може да сведочи за тоа како му успеал овој метод – изгубил неверојатни 50 килограми.

Повеќето лекари и нутриционисти не препорачуваат следење на ваков ограничувачки план на исхрана – диетата треба да биде балансиран внес на протеини, јаглехидрати, зеленчук, овошје, млечни производи и масти.

Како функционираше тогаш диетата со компири?

Важно е да се нагласи дека Тејлор го прифати овој предизвик само откако го финализираше својот план со помош на лекар.

– Добивам над 600 проценти од дневните потреби за железо и над 400 проценти од препорачаните дози на витамин Ц, заедно со еден куп растителни влакна, сто она што ми рекоа дека ќе ми недостасува – вели Тејлор.

Единственото нешто за што се грижеше беше внесувањето калциум затоа што иако има нешто во компирот, тоа не е доволно. За да биде сигурен дека му е доста од тоа, тој направил пире од компири со соја млеко дополнително збогатено со тој минерал, пишува Men’s Health.

Експертите велат дека неговиот план на исхрана не е „целосно опасен“, иако не е најздрава диета во светот.

Тој не вежбаше првиот месец од неговата диета, но подоцна усвои режим за возење велосипед за час и половина на ден.

И покрај фактот дека мораше да ги носи своите компири кога одеше кај гости и во рестораните, постојано да им кажува како да му ги приготвуваат компирите, Тејлор вели дека тој сè уште е љубител на компири.

– Моето здравје само се подобрува. Имав висок холестерол, но сега е низок, ми се намали крвниот притисок, како и нивото на шеќер. Секој пат кога одам да давам крв, резултатите се подобруваат – вели задоволниот Тејлор.

Денес, тој сè уште ја базира својата диета на компири, но додава и друг зеленчук во менито.