Се чини дека актерот Том Харди е сè поизвесен избор да биде новиот Џејмс Бонд, пишуваа британските медиуми викендов.
Британецот Том Харди (43) е фаворит за новиот агент 007, а неговиот избор се очекува да биде официјално потврден по премиерата на „Нема време да се умре“ (“No Time To Die”), петтиот и последен филм во кој Даниел Крег го игра Џејмс Бонд, пишува Дејли мејл.
Премиерата на најновиот филм од серијалот за Џејмс Бонд „Нема време да се умре“ е закажана за средината на ноември.
Харди е најпознат по соработката со режисерот Кристофер Нолан и улогите во филмовите „Витез на темнината: Враќање“, „Inception“, „Данкирк“, „Лудиот Макс: Пат на бесот“ и Марвеловиот „Веном“.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















