Џенифер Лоренс посакува да може да земе 3 месеци пауза и никој да не ја слика, а Џони Деп вели дека неговиот живот личи на животот на затвореник бегалец.
За некои познати личности светската слава е главната цел и прават сè за постојано да бидат во медиумите. Но, некои од нив пак сакаат да бидат на страна од будното око на јавноста и сето тоа внимание на моменти ги преоптоварува.
Кои познати личности ја мразат својата слава:
Ема Вотсон
По Хари Потер, славата на Ема Вотсон расте со вртоглава брзина, а секоја наредна улога ѝ е сè поголем успех. Во едно интервју Ема откри дека славата ѝ паѓа многу тешко и дека ужасно ѝ е што мора постојано да се справува со демнењето на нејзината приватност од страна на медиумите.
Џенифер Лоренс
Актерката која со право стана дел од шлагот на Холивуд вели дека ѝ е потребно пауза од славата. Таа посакува да може да контролира кога ќе биде фотографирана. Не сака да биде осудувана што ги носи истите фармерки 3 дена по ред.
Џони Деп
Легендарниот актер животот со демнење од папарацо фотографите го спореди со живот на затвореник бегалец. Вели дека тоа му го прави заплашувачко и едноставното влегувањето во ресторан или излегување од хотел.
Скарлет Јохансон
Заработува милиони, но никогаш нема да ја видите како празни некоја продавница од светски познат бренд. Таа на улиците изгледа сосема обично и прави сè за да се претопи во толпата, да ги избегне папараците и да води нормален живот.
Кирстен Стјуарт
Кирстен отворено говори дека појавувањата на црвениот тепих и интервјуата ѝ одземаат огромен дел од нејзината животна енергија. Таа вели дека славата е најлошото нешто на светот.
Зејн Малик
Зејн е познат како еден од најголемите интроверти во Холивуд и во 2015 година тој направи пауза од сцената со изјавата дека сака да биде нормално 22-годишно момче кое ќе се релаксира и нема да биде постојано под стрес.
Даниел Крег
Познатиот Џејмс Бонд вели дека се обидува да излезе од магичниот затворен круг на славата уште од истиот миг откако бил втурнат во него, но не успева.
Еминем
Еминем и во своите стихови вели дека не може да појде до тоалет, а да не му додеваат фанови. Најголем доказ дека сака да биде на страна од сè е што има дом во мирен дел од Детроит.