Вака кинезите градат болница за само 10 дена: Цел Вухан работи на смени!

235

Кинескиот град Вухан, кој е во изолација поради Корона вирусот, ќе изгради посебна болница за лекување на пациентите од оваа зараза, а се очекува да има 1300 кревети.

Изградбата би требало да биде завршена до 3-ти февруари.

„Ги мобилизиравме сите работници во Вухан да работат на смени, за да стигнеме навреме“, рекол Жанг Чонгси, менаџер на градежната фирма „Вухан констракшн“.

Болницата ќе се простира на 25.000 квадратни метри, а ќе биде наменета за лекување исклучиво на пациентите кои боледуваат од Корона вирусот.

Бидејќи бројот на заразени расте, постоечкиот капацитет ќе го достигне својот максимум.

На снимката од градилиштето се гледа голем број на багери кои ги поставуваат темелите за нова здравствена установа.

Да потсетиме, досега почина 41 лице, а повеќе од 1300 се заболени.