Џенифер Анистон ги почести фановите со најжешките фотографии досега

166

Џенифер Анистон за својот 51-ви роденден објави фотографија на која покажа дека и во 6-та деценија од животот изгледа фантастично.

Една од најславните жени и актерки на светот – Џенифер Анистон, го прослави својот 51-ви роденден, а освен што добила многу честитки од сите краеви на светот исто така добило и толку многу комплименти за својот изглед.

Џенифер пред некое време со нејзината колешка Сандра Булок (55) давала итнервју за “Interview Magazine”, кој по повод нејзиниот роденден го објавиле интервјуто, но во центарот на вниманието се нашле нејзините фотографии.

„Им благодарам на „Interview Magazine” за ова роденденско интервју. Немав поим дека денес ќе го објават. Се чувствувам гордо и почестено што можам да го прославам со фотографии на насловна страна. Им благодарам на „Interview Magazinea” што ги слават жените во секоја доба од нивниот живот. Очигледно дека бројот 51 е навистина забавен. Ѝ благодарам на мојата сестра, Сандра Булок што разговараше со мене за што и да ми требало. Многу те сакам“ – напишала Џенифер на Инстаграм.

Фотографиите на кои позира во црн сексапилен фустан кој ѝ го открива совршено рамниот стомак, лице со минимална шминка и онаа на која носи само црни гаќички, кожна јакна и црни чизми ги распаметија нејзините обожаватели.

„Ти се шегуваш“ – напишала Кортни Кокс во коментар под фотографијата.

„Wow“ – додала Хејли Бибер.

„Прекрасна си и однадвор и одвнатре“ – додала Дру Баримор.

„Отсекогаш го одземаш здивот“ – напишала Риз Витерспун.