Џенифер Лопез ја подучила својата колешка Шакира како да ‘мрда’ со колковите, додека биле на проба за познатиот натпревар „Супер боул“, а многу фанови ширум светот поради овој потег едногласно ѝ порачале – ти благодарам!
Снимката која се појави предизвика огромно внимание кај јавноста, а пејачките со голема концентрација работеле на движењата и не обрнувале внимание на околината.
„Кога ‘тргнуваш од колената’ најдобро се мрда“, ја посоветувала пејачката својата колешка, а малкумина останале рамнодушни на оваа снимка.
„Не можам да верувам дека поминаа три месеци од ова. Толку многу работи се случија оттогаш, но ете, сакав со вас да споделам нешто забавно и дел од деталите кои се случуваа позади сцена со играчите и Шакира“, искоментирала Џенифер.