Згоден, истетовиран, па и сопственик на познат скопски ресторан: Ова е новото момче на Елена Ристеска

464

Елена Ристеска важи за не толку скандалозна личност, и е секогаш во обид да го сокрие приватниот живот. За нејзините партнери многу малку се знае во јавноста, но „Бекстејџ“ е секогаш им е сенка на познатите.

Пред речеси четири години македонската пејачката, Елена Ристеска, стави крај на бракот со Бојан Ивановски кој траеше кратко. Пред неколку месеци во интервју за „Бекстејџ“ откри дека причината бил порок кој не можела да го надмине, како и тоа дека бракот за неа е завршена работа на која само медиумите постојано ја потсетуваат.

Но, нејзиниот љубовен живот по разводот таа вешто го криеше од јавноста, па сè досега не се појави ниеден кој го освои нејзиното срце или барем навидум така изгледаше.

Сега, според тврдењата на „Бекстејџ“, Елена Ристеска има ново момче, згодниот Филип Арсовски со кој пред неколку месеци објави фотографија на Инстаграм, но никој не забележа.

Станува збор за момче кое е сопственик на познат угостителски објект, како и на спортски бренд за кој неодамна токму Елена стана заштитно лице.

На прв поглед може да се забележат тетоважите на неговото тело, а се гледа дека станува збор за момче кое внимава на својот изглед.

Неговата рака е на една од фотографиите на Елена, додека пак на неговиот профил на Инстаграм, има и нивна заедничка фотографија на која повторно лицето на пејачката е покриено.

Дека нешто ново се случува на љубовно поле, Елена како да навести и со една од нејзините последни објави на Инстаграм, каде објави фотографија без шминка под која напиша: „Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености.“

За потсетување, поранешниот сопруг на Елена, само еден ден по потпишувањето на документите за развод, објави дека повторно ќе се венча, но и дека ќе стане татко.