Ѕакерони: Ибра е поклучен играч од Роналдо

66

Поранешниот тренер на Милан, Јувентус и Интер, Алберто Ѕакерони смета дека Златан Ибрахимовиќ има многу поголема „тежина“ во италијанскиот фудбал по блескавите партии за Милан, отколку што Кристијано Роналдо носи во Јувентус.

„Во мојата кариера сум тренирал големи шампиони, од Оливер Бироф, до Џорџ Веа и Адријано, но жалам што не сум работел со Ибрахимовиќ. Тој е вечен фудбалер и не ми е јасно како досега не му ја дадоа ‘златната топка’. Во Италија, тој сигурно носи поголема ‘тежина’ отколку Кристијано Роналдо. Не е случајност што Милан има толку многу млади добри фудбалери по неговото пристигнување. Не се работи само за голови, туку за пренесување на самодоверба на соиграчите, носењето на тимот во тешките моменти“, вели Ѕакерони за весникот „Ил џорнале“.