Две финалиња со четири екипи од Премиерлигата: Колку екипи ќе играат во ЛШ од островот?

811

Прв пат во историјата ќе има две европски финалиња со четири екипи од една иста лига, Англија се врати во голем стил.

Ливерпул и Тотенхем си обезбедија пеколно финале во ЛШ, додека ништо понеинтересно нема да биде и на натпреварот помеѓу Арсенал и Челси во Лига Европа.

Шампион во Премиерлигата најверојатно ќе биде Манчестер Сити, ако не киксира во последното коло против Брајтон.

Но каква корист ќе имаат англиските клубови од четири финалисти? Односно, што тоа точно значи за местата во Европа идната сезона?

КОЛКУ ЌЕ ИМА АНГЛИЈА ВО ЕВРОПА ИДНАТА СЕЗОНА?!

Сити, Ливерпул и Челси сигурно ќе бидат дел од елитата идната сезона, а скоро сигурно таму ќе биде и Тотенхем.

Имено, Арсенал може да ја прескокне ЛШ пречката доколку Спарси во недела во последното коло загубат на домашен терен против Евертон, а Арсенал победи кај Барнли, и се тоа со осум голови разлика, колку што Тотенхем има подобра гол разлика. Во случај на таков неверојатен расплет на настаните, Тотенхем би бил петти и во случај во Мадрид да го победи Ливерпул, би бил петти клуб од Англија кој ќе игра во ЛШ.

Навивачите на Манчестер Јунајтед се понадеваа дека прагот ќе се спушти доволно за да и тие го фатат последниот воза за ЛШ, но тоа е невозможно, дури и да го скокнат Арсенал во последното коло.