Драма во Венецуела, нападнато возилото на Гуаидо: Погледнете како налетале на лимузината на самопрогласениот претседател додека излегувал од собранието

1317

Непознати лица во Каракас го нападнел автомобилот во кој се наоѓал лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гуаидо, кој се прогласил за претседател.

Телевизијата “VPI TV” објавила снимка на која се гледа како автомобилот на Гуаидо вози по улицата. На семафорот кон него оди човек кој се обидува да ја отвори вратата и ја удира со нога. Автомобилот повторно трга, а луѓето кои се собрале на улица почнуваат кон него да фрлаат разни предмети.

“Кога Гуаидо излезе од Народното собрание, вооружени групи го удирале и нападнале со тешки предмети автомобилот со кој се возел”, соопштила телевизијата.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го изразил своето незадоволство поради овој инцидент.

“Овие акции на заплашувањето нема да го одложат неизбежното – мирна обнова на демократијата, стабилност и просперитет на народот на Венецуела”, рекол тој.