Можете да го изведете брзо и едноставно, а ќе ви открие многу за вашето здравје.
Почнете:
1. Тест за очи
Што да направите: Погледнете во рамката од вратата или во голема рамка од прозорот во соба прво со десното око ( покријте го со дланка левото око околу 30 секунди ), а потоа истото направете го и со левото око.
Што значи тоа: Би требало да ги видите рабовите од рамките како хоризонтални и вертикални паралелни линии. Ако рабовите од рамката изгледаат искривени или делуваат криво, тоа може да значи дека имате макуларна дегенерација на окото.
Сенилна макуларна дегенерација, која е вообичаена кај лица постари од 50 години, може да доведе до слепило, а еден од првите знаци кој укажува на тоа може да се појави и во форма на брановидни или искривени линии, намалување на централниот вид и намалување на интензитетот и сјајот на боите. Што поскоро посетете лекар.
2. Проверете го здивот со помош на лажики и кеси.
Што да направите: Со работ од лажицата поминете по врвот на јазикот што подлабоко. Затворете ја лажицата во пластична кеса и ставете ја под светлина од сијалица на минута, а потоа помирисајте.
Овошниот мирис може да укажува на кетоацидоза ( што може да биде знак за дијабетис ).
Облогата на јазикот треба да биде чиста, но ако е густа, обоена или има непријатен мирис, тоа може да биде почетен знак на проблеми со распираторниот систем, црниот дроб, бубрезите, нарушена работа на хормоните или цревата. Мирисот на амонијак може да укажува на проблеми со бубрезите,а непријатниот мирис може да укажува на проблеми со желудникот или плуќата.
Меѓутоа истражувањата покажуваат дека 90% од сите случаеви со лош здив во устата покажуваат на помалку злокобни болести како што се оштетување на пломбите на забите, кариес или инфекција на непцата, затоа што побрзо посетете стоматолог доколку почувствувате некоја промена во вашата уста.
3. Затворени артерии
Легнете на кревет и подигнете ги двете нозе на перница под агол од 45⁰, држете ги така една минута, а потоа брзо спуштете ги надолу према работ на креветот под агол од 90⁰.
Ако едното или двете стапала побледат кога се на високо и им треба неколку минути за да им се врати нормалната боја или станат светлоцрвени кога висат, тоа може да укажува на блокирани артерии и зголемен ризик од срцени заболувања. Фактори за ризик вклучуваат висок крвен притисок, висок развој на холестерол и дијабетис.
Кај здравите особи нормалната розева боја би требало да се врати во рок од 10 до 30 секунди.
4. Тест за деменција
Нацртајте часовник со рака на лист хартија, доадете броеви и направете стрелки на 3:40. Секоја тешкотија со цртање на часовникот, ако броевите не се во правилен редослед, може да биде знак на благо кофнитивно оштетување или почеток на деменција.
Овој тест говори за широк спектар на когнитивни способности, вклучувајќи го и помнењето и решавањето на проблеми и извршни функции како што е планирањето.