Бразилската актерка Џована Антонели, иако снимала речиси цела деценија претходно, стана голема ѕвезда дури по серијата “O Clone” (Клон) и за неа режисерите буквално се тепаа. Џована секоја година работела најмалку на еден проект.
Тоа траело сè до 2012 година кога познатата Жаде реши да се повлече од сцената и да му се посвети на семејството.
Со актерство започнала да се занимава на само 14 години. Нејзиниот татко е исто така актер, а мајка ѝ е танчерка. Убавата Антонели има и постар брат кој е адвокат. Во 1997 година, Џована се венчала за својата средношколска љубов, публицистот Рикардо Медина, но се развеле 4 години подоцна кога веќе се забавувала со колегата од “O Clone” – Мурило Бенисио.

Кон крајот на 2004 година, Џована завршила во болница поради сообраќајна несреќа за која ги обвинила папараците кои ја следеле, додека токму во текот на хоспитализацијата дознала дека е бремена.
Подоцна, актерката заедно со Мурило на прес конференција откриле дека чекаат бебе, а малечкиот Пјетро е роден во Рио де Жанеиро на 24 мај 2005 година.

Две години по раѓањето на Пјетро, Џована и Мурило сепак се разделиле.
Набрзо потоа, актерката се венчала по трет пат за режисерот Леонардо Ногеира, а нивните близначки – Антонија и Софија, се родени на 8 октомври 2010 година.

Џована во март наполни 43 години, веќе долго време се занимава со продукција и сè уште изгледа подеднакво добро како што многумина ја паметат.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



