Неодамна Мамиќ објави дека претсетаделот човек на Србија, Александар Вучиќ му рекол дека посакува да го види дури и во Црвена Звезда, а според српските медиуми и тоа во хитот на ланската сезона и српски европретставник ТСЦ од Бачка Топола.
ТСЦ е клуб кој е финансиран од унгарски бизнисмени, зад кои стои премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и кој брзо изгради фантастичен камп и стадион, а е веднаш зад двата најголеми клубови во Србија, Ц. Звезда и Партизан. Сега, наводно, Мамиќ ќе влезе во клубот како признат, познат и докажан фудбалски работник, кој би можел да го крене клубот неколку скалила нагоре и практично да го донесе во ситуација да се бори и за шампионската титула покрај неприкосновените белградски гиганти.
Мамиќ, иако е во бегство во Херцеговина поради неправосилната судска пресуда за шест ипол години затвор, тој и понатаму е главен во Динамо, а „модрите“ само летово заработија 41 милион евра од трансфери на свои играчи, а стигнаа до нова групна фаза во Лига Европа.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















