Дончиќ потпиша СУПЕР-МАКСИМАЛЕН договор со Далас!

697

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ заврши со настапите на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио и веднаш неговата екипа му го понуди супер-максималниот договор кој тој го прифати.

Најдобриот европски кошаркар во моментов во Далас ќе остане во наредните пет години, а ќе добие максимална плата – 207 милиони долари. Информацијата ја потврди и неговиот агент Бил Дафи, кој е во Словенија. Дончиќ е првиот кој потпишал „руки супер-макс договор“.

Во сезоната 2020/21, Дончиќ во просек забележа 27,7 поени, 8 скока и 8,6 асистенции по натпревар со шут ефикасност од 47,9% во целост, а 35% за три. Предводени од Лука Дончиќ, кошаркарите на Далас играа две сезони по ред во плеј-офот.

Маверикси го продолжија договорот и со Тим Хардавеј.