Документарецот за тешкиот живот на славниот актер ги растажи фановите

609

Откако излезе трејлерот за новиот документарен филм за животот на актерот Вал Килмер, неговите обожаватели му пружија поддршка поради неговата потресна приказна која сега ја сподели со јавноста.

Во трејлерот е прикажано како Килмер – ѕвездата на „Heat“, „Top Gun“ и „Batman Forever“, зборува со помош на вокално помагало.

На Килмер во 2015 година му беше дијагностициран рак на грлото, што актерот на почетокот го криеше од јавноста. На Вал му била извршена трахеотомија, што влијаело на неговата способност за говор, односно сега може да зборува само со помош на вокален апарат.

Поголемиот дел од документарецот е сочинет од кадри кои Килмер сам ги снимил во текот на животот. Остварувањето режирано од страна на Лео Скот и Тинг Пу ќе ја има својата премиера на Канскиот филмски фестивал.

Трејлерот предизвика силни емоции кај фановите на Килмер.

„Го погледнав трејлерот и сакав да ти испратам многу љубов и добри вибрации. Продолжи да ги споделуваш со нас твојот глас, страдање и болка. Преку нив ги инспирираш другите да го направат истото“, гласи еден од коментарите.