Портпаролката на грчката влада, Аристотелија Пелони, денеска изјавила дека епидемиолошката ситуација во Грција е влошена.
“Во последните десет дена забележан е пораст на случаите и драстичен пад на просечната старост на нашите сограѓани заразени со вирусот на 27 години. Во јужните области на Атина, каде е утврдена посебно висока стапка на позитивни лица, околу 66 проценти од случаите се на возраст меѓу 15 и 24 години”, изјавила Пелони на прес-конференцијата, пренесува “ANA”.

Утврдено е, како што додава, дека заразувањето на помладите од 30 години е поврзано со забавите, поради што, како што истакнала, ќе бидат применети построги мерки во рестораните, баровите, клубовите и ноќните клубови.

“Целта е наредниот период да се убедат оние кои се двоумат или се сомневаат во безбедноста и ефикасноста на вакцината да ја искористат привилегијата на вакцинација”, изјавила Пелони.
Истакнала дека Грција е во нова фаза на пандемијата.
“Во рацете имаме штит кој го немавме во претходната фаза: вакцина – до која сите граѓани имаат универзален, бесплатен и директен пристап. Вакцините се ефикасни, делуваат и не штитат. Тие што не се вакцинирале, треба да го направат тоа веднаш”, вели Пелони.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











