Докторите изнајдоа друг начин како да протестираат и да работат во исто време

136

Докторите од Клиничкиот центар во Скопје веќе четврти ден протестираат против одлуката за зголемување на цената на месечниот износ за паркингот од 300 на 800 денари.

На вчерашниот протестот, нивните барања се проширија- сега бараат и продолжување на дијалогот за покачување на платите, а денеска пронајдоа и начин како да протестираат дури и додека да работат.

На социјалните мрежи се прошири фотографија на која се гледа како на медицински фластер залепен на грбот  на еден доктор е напишано ПРОТЕСТИРАМ.

loading...