Батеријата на паметните телефони некогаш може да биде толку лоша што едвај издужува еден ден, но не е се во лошата технологија, туку делумно е наша вина затоа што цело време можеби уредот го полниме на погрешен начин.
Истражувањата кои ги правеле во компанијата Cadex која произведува батерии покажале дека нашите паметни телефони се чувствутелни на „стресови“ кои сопствениците им ги приредуваат за време на полнењето, па тие можат да бидат погубни за нивниот животен век.
Доколку сакате батеријата на вашиот смартфон уред да остане во добра состојба, морате да водите сметка на неколку работи. Истражувањата покажаа дека полнењето на батеријата во текот на целата ноќ, кое го практикуваат многумина, долгорочно влијае негативно. Кога батеријата ќе се наполни до 100 проценти, а и понатаму е приклучена на полнач, таа е под „висок стрес“.