Докажано делува: Во оваа боја изгледаме попривлечно и поинтелигентно

174

Според едно неодамнешно истражување, постои една боја која не само што не’ прави да изгледаме посексапилно, туку така облечени делуваме и многу поинтелигентно.

Она што е најдобро кај оваа боја е што визуелно го стеснува телото и ве прави послаби, безвременска е и едноставно одговара со се’. Станува збор за црната боја!

Многу пати досега сме прочитале дека на мажите најлесно ќе им го привлечете вниманието доколку се облечете во црвена нијанса, но изгледа дека сега црната боја е новата црвена, дури и кога станува збор за привлечноста.

Според истражувањето на една британска компанија која анкетирала повеќе од 1000 лица, 45 отсто изјавиле дека црната боја е поврзана со самодовербата, интелигенцијата и привлечноста. На последно место сепак била розовата боја – само 5 отсто од луѓето се изјасниле дека најдобро изгледаме во розово издание.

Истражувањето исто така открило дека 66 отсто од жените сакаат да ги гледаат мажите облечени во црни парчиња облека.

Со тоа, црната боја докажано делува на спротивниот пол и во црната облека делуваме поинтелигентно, поради што не би било лошо почесто да ја носиме.

loading...