Пристигна! Пристигна! Првиот штрк пристигна во Македонија! Марјан Иванов ни соопшти дека на 21 февруари пристигнал во Богородица и си го зафатил гнездото. Пишувајте ни за штрковите кои ќе ги видите, по можност сликајте ги и гнездата кои ги користат – вака стои во објавата на Македонското еколошко друштво, каде се известува дека првиот штрк пристигна во Македонија.
Штрковите се предвесници на пролетта, а токму овој штрк, ни покажа дека е крај на зимата и дека можеме да се радуваме на топлите пролетни денови кои треба да ни пристигнат.
Бројот на овие птици преселници, како впрочем и во цела Европа, опаѓа и во Македонија. Сепак едно место во земјата ја носи титулата „Европско село на белиот штрк“. Се работи за Чешиново – Облешево. Карактеристично за Чешиново-Облешево е тоа што е општина со најголема густина на населеност на оваа бела птица во државата, со 123 активни парови на 100 квадратни километри, или повеќе од 2 штрка на км2.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















