На социјалните мрежи се појави видео за кое што авторот тврди дека е направено на Шар Планина, а во шумата се гледа огромна количина на исечени дрвја.
Како што е објавено на Фејсбук страницата “Ta shpëtojmë Kodrën e Diellit”, на видеото може да се види како дрвокрадци практично ја масакрираат една од најубавите македонски планини – Шар Планина.
Според авторот на видеото, дрвокрадци нелегално ги сечат дрвјата и ја пустошат шумата и ги повикуваат надлежните да реагираат.
„Да се разбудиме сите да ги запреме криминалците“, порачаа тие.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)



















