Директорот на клиниката за гинекологија ранет со два куршуми во Чаир

923

Економскиот директор на Клиниката за гинекологија и висок функционер на ДУИ, Ваљон Беља попладнево бил застрелан во Чаир, неофицијално потврдија од МВР.

„Денеска во 17:45 часот е пријавено дека на ул.„Лазо Трповски” било пукано во В.Б. (40) од Скопје во пределот на десната подколеница. Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. В.Б е пренесен во ГОБ Св.Наум Охридски. Се работи на расчистување на случајот“, соопштија од МВР.