Селекторот на Романија, Мирел Радои е позитивен на ковид-19, па селекцијата против Македонија ќе ја води асистентот Николаe Дика.
Во очи утрешната средба против екипата предводена од Ангеловски, Дика зборуваше за романските медиуми. Тој нагласи дека тие се свесни за најголемата опасност по нивниот гол, а интересно не мислеше на Горан Пандев.
„Амбициите на Романија се пласман на Мундијалот, па така гледаме кон победа над Македонија. Пандев е многу важен играч за нив, но најопасниот фудбалер во тиот е Ељиф Елмас. Тој игра во Наполи и ако се најде во ситуација во последната третина од теренот, знае да направи разлика. Ако сакаме победа, ќе треба да го сопреме токму него. Сакаме да се надигруваме со сите, во тимов владее добра атмосфера и ќе одиме на победа во трите дуели“, изјави Дика.
Романија ќе ја пречека Македонија утре на националната арена во Букурешт, во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство кој стартува во 20:45 часот.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























