Без електрична енергија утре од 8 до 12:30 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Среќко Пужалка“, делот од улицата десно и лево по ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од број 124 до 170 и од 55 до 89 во општина Гази Баба.
Во периодот од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „Црвена вода“ во општина Центар.
Од 8 до 9:30 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Апостол Гусларот“ и „Никола Тримпаре“ во општина Центар.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од екипи на „ЕВН Македонија“ АД.















![[ВИДЕО] Џиновската ракета на SpaceX за првпат кружеше околу Земјата: Снимките се спектакуларни](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/09/SYIjn-space-x-depositphotos-737795274-xl-218x150.webp)




















