Иако повеќето возрасни во светот не веруваат во дедото кој цела година ги набљудува децата и го оценува нивното однесување за на крајот од годината да ги награди, Канаѓаните со гордост тврдат дека тој постои и дека е канадски државјанин. Ова го потврдиле и канадските власти.
“Дедо Мраз и госпоѓа Мразица се канадски граѓани и живеат на Северниот пол”, рекол портпаролот на Министерот за миграција, бегалци и државјанство, Ахмед Хусен.
Од кабинетот на министерот, меѓутоа, не потврдиле дали брачниот пар Мраз или документи кои ова го потврдуваат, бидејќи, како што рекол, се работи за нивната приватност.
Портпаролот Метју Гансет рекол дека парот секогаш е облечен во патриотски бои и дека се однесуваат “во духот кој објаснува што значи да се биде Канаѓанин”.
И канадската Агенција за приходи потврдила дека има докази дека славниот пар до северот на земјата ги подмирува своите даночни обврски.
Santa Claus lives and pays taxes in Canada, government affirms https://t.co/ogqVYJ3mio
— CTV News (@CTVNews) December 24, 2018
“Одредбите за доверливост на Законот за данок на доход ја спречуваат Агенцијата да коментира одредени случаи…Меѓутоа, со посебен исклучок и со одобрување на господин и госпоѓа Мраз, на Агенцијата и е дозволено да изнесе некои доверливи информации”, рекол Мајкл Ханлон за CTV.
Како што било кажано, овој пар користи одредени бенефиции вклучувајќи и одбивање на трошоци, на што имаат право оние кои во Северна Канада живеат барем 6 последователни месеци годишно.
“Со задоволство можеме да потврдиме дека овој пар даночните обврзници секој година уредно ги пријавува уште од кога постои архивот на нашата Агенција”, рекол Ханлон.
Во канадската пошта не сакале да го коментираат државјанството на господин и госпоѓа Мраз, но ја потврдиле нивната адреса.

“Можеме да потврдиме дека, кога Дедо Мраз се враќа дома по работната вечер, се враќа на својата канадска адреса на Северниот пол”, рекол портпаролот на канадската Пошта.
Канада е член на Северноамериканската команда за одбрана на воздушниот простор – NORAD, која со децении ги следи движењата на Дедо Мраз, секој Божиќ ширум планетата.
“Истите радари, сателити и пресретнувачи се вработени цела година во служба на заштита на Канада и САД”, рекол генералот Теренс Ошегенси од NORAD.
Како што рекле, вечерта пред Божиќ објавиле дека се погодни условите за полетување на Дедо Мраз.
