„Вилијам Хил“ ја даде најлудата прогноза за тоа што ќе прави Пандев во 2050 година (ФОТО)

109

Погодокот што Горан Пандев го постигна во дресот на Џенова на стартот од новата сезона во Серија А против Кротоне донес еилјадници коментари на социјалните мрежи ширум Европа, преку кои фудбалските фанови ја искажуваат својата воодушевеност од неговата игра иако веќе има полни 37 години.

Најлуциден во потенцирањето на долговечноста на македонскиот репрезентативец беше англискиот букмејкер „Вилијам Хил“, кој прогноцира дека популарниот Гоче ќе постигнува голови и во далечната 2050 година. Имаше и фанови кои му го предвидуваа истото дури и за 2057 година.