Париз е „скаменет“: Со пламенофрлачи го топат снегот и мразот на Ајфеловата кула

561

Работниците со оган го топат снегот и мразот на металната конструкција од Ајфеловата кула, а снежната покривка го парализираше патниот и железничкиот сообраќај на северот на Франција.

Регионите Нормандија и Бретања мораа да затворат поголем број на сообраќајници поради недостиг на механизација за расчистувања на патиштата.

„На вакво студено време, платформите на Ајфеловата кула се замрзнати, па користиме пламенофрлачи за да го стопиме снегот и мразот затоа што делуваат корозивно на металната конструкција“, соопштија од управата на Ајфеловата кула.

Делови на централна и северна Европа, како и Велика Британија се на удар на ледениот бран кој донесе врнежи на снег, а сообраќајот отежнато се одвива во Германија, Чешка, Белгија и Холандија.