Во сабота заврши 34-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, а првото место го освои Мартинијан Кириловски со песната „Стопати на ден“. Со ова нејзиниот автор Ристо Самарџиев (музика и текст) стана најнаградуваниот автор во историјата на „Макфест“ што како автор, што како изведувач или обете.
Аранжманот на победничката песна го направил Иле Спасев, кој ги сработил и миксот и мастерингот, а истата е снимена и во неговото студио.
Мартинијан преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите, а честитки пристигнаа и од продукцијата „Гранд“ каде што Кириловски учествуваше во музичко шоу и ја ги собра сите симпатии.
„Честитаме: „Ѕвездата на Гранд“ со која Јелена Карлеуша сакаше да сними дует победи на „Макфест“, пишува Гранд.
Инаку, Кириловски на јавноста му е познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде во последната сезона беше под менторство на Карлеуша и стигна до самото финале.
Јелена имаше само пофални зборови за кумановецот и истакна дека би сакала да сними дует со него.
„Кога би имала некоја супер песна која ќе му се допадна со задоволство ќе снимам дует со него бидејќи тој е прекрасен и посебан пејач, а можеби и наследник на Тоше Проески“ изјави Карлеуша во една прилика.
Во продолжение слушнете ја песната победничката песна на Макфест.
Инаку, второто место е на Александар Митевски и Драган Спасов Дац со песната „Уште ми фалиш“ кои освоија три илјади евра.
Третата позиција според гласовите на жирито и комисијата, отиде во рацете на гостинките од „Фрајле“ кои настапија со македонска песна „Не признавај“ и освоија награда од илјада евра.
Вистина.мк

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

