Адвокатот призна дека планирал ликвидација на Лукашенко: Подмитувал војници и се подготвувал за воен пуч

216

Адвокатот Јуриј Зенкович кој беше уапсен под сомнение дека подготвувал атентат на белорускиот претседател Александар Лукашенко и државен удар, целосно ја признал вината, соопшти началникот на истражното одделение при КГБ на Белорусија, Константин Бичек.

„Зенкович преземаше конкретни обиди за врбување, подмитување на припадниците на Вооружените сили подготвени за парична награда да учествуваат во рушење на власта по насилен пат. Тој моментално се наоѓа во истражен затвор и како што кажавме, отпуштен е. Целосно ја призна вината за која што е обвинет, а сега активно сведочи за се“, изјави Бичек за „Белорусија 1“.

Истовремено, началникот информираше дека е подигнато обвинение против четири притворени лица за подготовки за атентат на претседателот и изведување на пуч.

„Станува збор за заговор со цел заземање на власта по неуставен пат. Сите обвинети признаа дека се виновни“, додаде тој.

Лукашенко на 17-ти април соопшти дека има сознанија дека опозиционерот Григориј Костусев, политкологот Александар Федут и адвокатот Јуриј Зеленкович планирале атентат врз него и неговите синови.

За организација на обидот за негов атентат ги обвини американските разузнавачки служби и американската администрација. Според зборовите на директорот на КГБ на Белорусија, Иван Тертел, превратот бил планиран за јуни или јуни оваа година.